Thursday, May 9, 2013

Според градбата долната вилица се состои од извиткан хоризонтален дел, тело (corpus mandibulae) и два перпендикуларни дела, гранки (ramus mandibulae), кои се соединуваат со краевите на телото под приближно прав агол.
Телото (corpus mandibulae) има потковичеста форма.Во средишната линија на надворешната страна, во долниот дел има една триаголна површина (protuberantia mentalis). На надворешната страна се припојуваат мускули на лицето и вратот.Внатрешната површина е конкавна и служи исто така за припој на мускулатура.На неа налегнуваат подјазичната и подвиличната плункова жлезда (glandula sublingualis,glandula submaxilaris).
Горниот раб на телото на максилата има 16 празнини,алвеоли,во кои се сместени забите.Тие варираат во големина и длабочина.
Ramus mandibulae има четириаголна форма.Се издвојува од соодветниот крај на телото под речиси прав агол, при што долниот раб на телото и задниот раб на гранката го создаваат виличниот агол (angulus mandibulae). Латералната страна служи за припој на m.masseter.Медијалната страна на својата средина има отвор (foramen mandibulae), низ кој влегуваат во долната вилица a,v.et n.alveolaris inferior. Тие минуваат низ мандибуларниот канал (canalis mandibulae),кој се движи косо надолу и напред низ рамусот, а потоа хоризонтално напред низ телото, каде е сместен под алвеолите и комуницира со нив преку мали отвори.Низ нив минуваат гранчиња од алвеоларните крвни садови, за васкуларизација и инервација на забите.Задниот раб на ramus mandibulae е прекриен со паротидната плункова жлезда (gl.parotis). Од горниот раб се издвојуваат два продолжетоци, кои ограничуваат мандибуларен засек (incisura mandibulae): processus coronoideus i processus condylaris.


Горната и долна вилица вкупно има 32 заба распоредени по 16  во горната и долната вилица односно по 8 на секоја половина од вилицата. Забите се составени од три дела и тоа:
1.коронка- претставува надворешен, видлив дел од забот.
2.корен- дел од забот кој е всаден во виличните коски.
3.врат на забот- тесен дел кој ѓи поврзува коронката и коренот на забот.

Забите се изградени од неколку слоеви:
Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забна пулпа во која се сместени:
нерви,крвни садови и лимфни садови.
Средниот слој од забот е претставен со дентинот тој го изградува најголемиот дел од забот, во неговиот состав влегува и цемент- цврсто ткиво кое го штити коренот на забот. Во нивото на забната коронка дентинот е покриен со емајл (глеѓ), кристална супстанција со најголема отпорност која служи за спречување на кариес.


Долната вилица (mandibula), според поделбата влегува во групата коски на лицето. Таа е најголемата и најјаката коска во слелетот на лицето, и служи за припојување на долните заби. Забите или (dentes), се цврсти структури сместени во забни јамички или (алвеоли),на долната и горната вилица од усната празнина.